Достапни по нарачка, за дополнителни информации и понуда контактирајте нè на тел. 02/2461-664 или на e-mail: prodazba@novomak.mk

Што се компакт плочи?

Компакт плочите се произведуваат со поврзување на влакнесто јадро со декор фолија импрегнирана со меламинска смола, при висока температура на висок притисок и тие имаат повеќеслојна структура.

Нивна примена

Нивната голема отпорност од временски услови и оштетувања ги прави одличен материјал за употреба на ентериери и екстериери.


Компакт плочи за ентериери

Компакт плочите за внатрешна употреба се исклучително отпорни на механички оштетувања и влага што ги прави одличен материјал за опремување на простории кои дополнително бараат исполнување на одредени услови, како хигиенски, така и отпорност на влага. Тие најчесто се користат во хотели, лаборатории, купатила, санитарни простории и соблекувални, но исто така можат да се применуваат за изработка на канцелариски мебел.

Карактеристики:
  • Многу се трајни благодарение на големата отпорност на абење и удари
  • Ефект на тенок и елегантен изглед
  • Отпорни се на влага, хигиенски и лесни за одржување
  • Отпорни се на вообичаените средства за чистење и хемикалии
  • Не е потребна завршна обработка на кантовите или површината

Компакт плочи за екстериери

Компакт плочите за екстериери имаат одлична заштита од надворешни влијанија, декоративна е, не бледее и е двострана. Јадрото е отпорно на високи температури, а нивните одлични карактеристки и голема примена доведуваат до нивен континуиран развој на нови димензии и декори. Најчесто се користат за обложување на фасади, како балконски и надворешни огради, ѕидни и подни облоги и врати.

Карактеристики:
  • Отпорни на временски влијанија
  • Отпорни на високи температури
  • Декоративни
  • Не бледеат
  • Самоносечки
  • Двострани
  • Отпорни на гребење
  • Едноставни за одржување
ФИЛТЕР
OUTLET