(Доколку купите оков за лизгачки системи за гардеробери и плочест материјал услугите
за бушење за тркало за лизгачка врата и бушење за затегачи за лизгачка врата се гратис).
Доживотната гаранција важи на сите тркала за лизгачки системи од брендот Sevroll. Оваа гаранција го потврдува квалитетот на горните и долните тркала дека се изработени од високо квалитетен челик кој е отпорен на деформации. После долги години на употреба квалитетот на движење на лизгачките врати останува ист.
Лизгачките системи на Sevroll се функционални, безбедни за користење, долготрајни и лесни за монтажа. Потврда за квалитетот се добиените награди за дизајн, правата за патент и први кои на пазарот понудија доживотна гаранција.
Во изминатите 20 години Sevroll нуди најголем избор на модели на пазарот за лизгачки системи за гардеробери. Константно прават истражувања за подобрување на своите производи, технологии, материјали како и развивање на нови продукти.
Брендот Sevroll стана препознатлив на нашиот пазар и во светот благодарение на квалитетот кој го нуди. Покрај квалитетот производите на Sevroll се модерни и елегантни што ги прави омилени кај дизајнерите на ентериери.